Санкционирани 121 возачи на мотоцикли, 64 без заштитна кацига
- Вкупно 121 возач на мотоцикли се санкционирани вчеравечер, во спроведената акциска контрола на територијата на државава.
Скопје, 30 август 2023 ( МИА) - Вкупно 121 возач на мотоцикли се санкционирани вчеравечер, во спроведената акциска контрола на територијата на државава.
Од нив, како што соопшти денеска МВР, 64 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, a шест биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 145 други видови на сообраќајни прекршоци.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелирааат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. љм/са/
Фото: МИА архива