• петок, 05 декември 2025

Санкционирани 12 прекршоци од возила кои вршат јавен превоз на подрачје на СВР Тетово

Санкционирани 12 прекршоци од возила кои вршат јавен превоз на подрачје на СВР Тетово
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - На поширокото тетовско-гостиварско подрачје, полициски службеници на СВР Тетово денеска од 9 до 14 часот спровеле засилена контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 12 прекршоци, од кои два за возила со тетовски регистерски таблици и 10 со гостиварски.
Како што информира МВР, осум од возилата имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, две возила биле со неисправен уред за управување, едно со неисправни други уреди, а едно со неизвршен технички преглед.
При контролата, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци. СВР Тетово најавува дека и во наредниот ќе продолжи со контроли на возилата од локалниот јавен превоз посебно, затоа што, како што посочуваат оттаму, со започнување на новата учебна година тие далеку повеќе и почесто се користат од учениците, но и од други патници. сст/дма/

Остани поврзан