• петок, 03 мај 2024

Санкционирани 105 возачи на територијата на СВР Куманово

Санкционирани 105 возачи на територијата на СВР Куманово

Скопје, 26 февруари 2023 (МИА) - На територијата на СВР Куманово денеска во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 105 возачи. Од нив, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место.

 

Од МВР информираат дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

 

Како што посочуваат, засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.бт/ев/

Остани поврзан