• понеделник, 23 декември 2024

Санкции за 225 непрописно паркирани возила за една недела во општина Центар

Санкции за 225 непрописно паркирани возила за една недела во општина Центар

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и локалната самоуправа, во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје, изрекоа санкции за 225 непрописно паркирани возила, што го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

- Во периодот од 13 до 19 ноември, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“, отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционии се изречени за 95 возила, што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници - резиденти на секторот каде биле паркирани, се појаснува во соопштението на претпријатието. бд/бак/

Фото: ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан