• понеделник, 23 декември 2024

Санкции за 19 мотоциклисти на подрачјето на Прилеп

Санкции за 19 мотоциклисти на подрачјето на Прилеп

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Во Прилеп денеска од 15 до 20 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 19 возачи.

На сите им се изречени соодветни пријави и ќе се соочат со законски предвидените глоби, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. бт/бак/

Фото/ МИА

Остани поврзан