• понеделник, 23 декември 2024

Санкции за 154 возачи во Скопје, 19 немале возачка, 11 користеле мобилен при возење

Санкции за 154 возачи во Скопје, 19 немале возачка, 11 користеле мобилен при возење

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 154 мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив, 19 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки биле изречени за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Единаесет санкции имало поради користење мобилен телефон при возењето. Изречени биле девет мерки за некористење сигурносен појас, исто толку санкции и за минување на затворен сигнал - црвено светло.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се нагласува во соопштението на МВР. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан