• среда, 15 мај 2024

Саниран дефектот што остави без вода за пиење околу три илјади луѓе во Росоманско

Саниран дефектот што остави без вода за пиење околу три илјади луѓе во Росоманско

Росоман, 21 јуни 2023 (МИА) - Саниран е дефектот што остави без вода за пиење околу три илјади луѓе во Росоманско, информираа попладнево од Локална самоуправа Росоман. Оттаму соопштија дека се очекува, водоснабдувањето да се стабилизира до вечерните часови. 

Поради дефект на главна водоводна линија на регионалниот пат Кавадарци - Росоман,  без вода останаа Росоман,  како и росоманските села Манастирец и Рибарци. 

Овие три места со околу три илјади жители, вода за пиење добиваат од регионалниот водовод „Лукар“. свд/аа/

Фото: комунално претпријатие Росоман 

Остани поврзан