• сабота, 23 ноември 2024

Саниран дефектот на водоводната линија еден во Штип

Саниран дефектот на водоводната линија еден во Штип

Штип, 8 јануари 2023 (МИА) - Саниран е големиот дефект на главната водоводна линија еден, лоциран под штипската Филтер станица, во близина на населбата Дузлак информира за МИА директорот на ЈП „Исар“ - Штип, Трајан Коцев.

-Санирањето на дефектот се одвиваше од 9.30 часот и за околу пет часа е заменета цевката и е наместен сигурносниот вентил, вели Коцев.

Нормализирање со водоснабдувањето во повисоките зони на градот се очекува во текот на доцните попладневни часови, бидејќи постепено се пушта водата за пиење со цел да не дојде до нови дефекти на старата главна линија еден. Во текот на денот за населбите кои останаа без вода за пиење беше обезбедена и техничка вода. Населението можеше да полни вода на три пункта од цистерните на Противпожарната единица. Инаку старата водоводна мрежа е главен проблем на градот Штип, за нејзина санација потребни се неколку милиони евра. Штип има доволно количини на вода за пиење, кои пристигнуваат од Хидросистемот „Злетовица“, но проблемите се токму постојаните дефекти на мрежата, која на одредени делови е и постара од 50 години. вдј/мч/

Остани поврзан