• сабота, 18 мај 2024

Санела Шкријељ: Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина

Санела Шкријељ: Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина

Скопје, 16 април 2024

 

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

 

Почитувани,

Изборот на 24 април сега е кристално јасен.

Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.

Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.

Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува. Стево е претседател на граѓаните и претседател на сите граѓани.

На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на белата палата туку вистински претседател, со свој став и државничко чувство за најважното, иднината на државата.

Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.

На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.

Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.

Ве повикувам да излезете на 24 април и да го направите изборот.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото и видео: СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан