Само една пријава за змија во викендичка во општина Старо Нагоричане од почетокот на пролетва
- Само една пријава за смок во бунар во викендичка во општина Старо Нагоричане добила специјализирана компанија во Куманово за оваа дејност, соопштија денеска од компанијата. Оттаму велат дека граѓаните не треба да стравуваат затоа што во Македонија има само три опасни видови змии кои живеат на надморска височина од над 1.000 до 1.500 метри и минимални се шансите човек да има средба со змија. Годинава, поради врнежливото време, намален е бројот на повици.
Старо Нагоричане, 8 мај 2025 (МИА) - Само една пријава за смок во бунар во викендичка во општина Старо Нагоричане добила специјализирана компанија во Куманово за оваа дејност, соопштија денеска од компанијата. Оттаму велат дека граѓаните не треба да стравуваат затоа што во Македонија има само три опасни видови змии кои живеат на надморска височина од над 1.000 до 1.500 метри и минимални се шансите човек да има средба со змија. Годинава, поради врнежливото време, намален е бројот на повици.
-Лани имавме неколку интервенции. Но, многу почесто во другите градови, отколку во Куманово кои се јавуваат во компанијата „Плант Медика“. Имавме една змија која беше скриена во багажник од автомобил кој бил на поправка во Велес и една во стан која се скрила во панел за електрична енергија. Реагиравме и навреме ја отстранивме во природа. Во ниту еден случај не смее да се убие смок, не смееме да го нарушиме ланецот на исхрана во кој овие влекачи се важни, изјави Владимир Димковски, сопственик на единствената специјализирана фирма за оваа дејност во Куманово.

Најчесто извор на привлекување е храната, затоа е важна и дератизацијата која го контролира бројот на глувци, бидејќи влекачите се храната со глувците и жаби. Димковски вели дека во еден случај во Куманово морале да срушат и гипскартон во кој бил скриен смокот, за кој рече дека бил убав примерок долг два метри.
-Годишно имаме од пет до десет единки на кои интервенираме по повик тие се залутани или збунети. Мора да признаеме дека ние со урбанизацијата навлегуваме во нивна територија, вели Димковски.
Најчесто пријави стигнуваат од пооддалечените средини, викендички, приградски населби.
Опремата со која располага е професионална, користи чизми и ракавици како и специјални фаталки за безбедно фаќање на змиите. Тој има скоро триесетгодишно искуство, надополнето со едукација во САД и има сертификат за работата од Ветеринарниот факултет. Телефонскиот број на неговата фирма е регистриран и во Центарот за управување со кризи, што значи дека и државните служби упатуваат граѓани кон компанијата. ам/цр
Фото: МИА и Плант Медика