• недела, 21 јули 2024

Само еден тренер на Реал освоил повеќе трофеи од Зидан

Само еден тренер на Реал освоил повеќе трофеи од Зидан
Џеда, 13 јануари 2020 (МИА) - Синоќа Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија, откако го совлада Атлетико (Мадрид) по изведување на пенали. Трофејот беше десетти за Зинедин Зидан како тренер на шпанскиот гигант, приближувајќи го до апсолутниот рекорд. Францускиот селектор ги предводеше „белите“ до 3 победи во Лигата на шампионите, една во Ла Лига, една во Суперкупот на Шпанија, две во Суперкупот на Европа и 2 во Светскиот клупски шампионат. Во моментов има само еден тренер на Реал Мадрид кој има освоено повеќе трофеи од Зидан. Ова е Мигел Муњоз, кој го предводеше тимот до 14 почести. Далеку нив се Луис Моловни (8) и Висенте дел Боске (7).

Остани поврзан