• понеделник, 23 декември 2024

Самостојна изложба на прилепскиот академски уметник Марјан Стојаноски во Тирана, Албанија

Самостојна изложба на прилепскиот академски уметник Марјан Стојаноски во Тирана, Албанија

Прилеп, 6 септември 2023 (МИА) - Прилепскиот академски уметник Марјан Стојаноски со изложбата на слики „Поглед, кон недоглед“ ќе се претстави во Културноинформативниот центар на Македонија во Тирана, Албанија.

Изложбата ќе биде отворена на 11 -ти септември во 20 часот во центарот.

Стојаноски ќе изложи 16 дела – слики, создадени со виорен и енергичен јазик  и се асоцијативно-апстрактни композиции.

Стојаноски, минатата година имаше  изложба во Културноинформативниот центар во Софија, Бугарија. Се претстави со скулптури од различен формат. Изложбата „Panta rhei“ со ротирачки скулптури, изработени во метал и елементи од дрво, предизвика голем интерес во бугарската јавност.

Академскиот уметник Стојаноски е член на Друштвата на ликовните уметници на Прилеп и на Македонија. Во 2015 година ја доби наградата за скулптура „Јордан Грабул".

Има реализирано голем број самостојни и крупни изложби. ем/

Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“, Каролина Мицевска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан