• понеделник, 23 декември 2024

Самит Македонија 2025: Новите вакцини против Ковид-19 се добри, но да бидеме внимателни

Самит Македонија 2025: Новите вакцини против Ковид-19 се добри, но да бидеме внимателни
Скопје, 2 декември 2020 (МИА) - Новите вакцини против Ковид-19 се многу добри. Тие се составени од РНК И ДНК молекули, значи само од генетски материјал. Може да се каже дека на некој начин поради тоа се поефикасни и побезбедни. Сепак, мора да сме внимателни. Ова го посочи професорот на Факултетот за фармација при Универзитетот во Љубљана и член на тимот за развивање на вакцината за Ковид 19, Борут Штрукељ на денешниот Самит Македонија 2025. Тој во своето обраќање на вториот ден од деветтото издание на Самитот рече дека основното прашање е како ќе развиеме вакцина за толку кратко време, ако земеме предвид дека за тоа реално се потребни три до четири години. Сепак тој посочи дека се инвестирани билиони евра за најкратката можна процедура, а тоа како што рече, го олесни целокупниот процес. Тој исто така ја објасни разликата меѓу типовите на вакцини и направи споредба меѓу оние на „Модерна“, „Фајзер“, „Астра Зенека“, руската и кинеската вакцина. -Секоја земја, секое Министерство за здравство е одговорно за вакцинацијата и ќе има можност да одбере од најмалку три различни вакцини на пазарот. Светот има повеќе опции. Но, се’ уште е тешко прецизно да се зборува за безбедноста и ефикасноста, истакна Штрукељ. Од Македонија 2025 соопштија дека во обид да и се помогне на државата, изработија платформа за поврзување на македонски компании со професионалци и експерти со македонско потекло од светот. Самит продолжува во текот на утрешниот ден.бт/са/  

Остани поврзан