• четврток, 02 мај 2024

Салцбург го отпушти тренерот Штрубер

Салцбург го отпушти тренерот Штрубер

 

Салцбург, 15 април 2024 (МИА) – Австрискиот фудбалски првак и актуелен лидер на табелата РБ Салцбург на само еден месец пред крајот на сезоната му врачи отказ на тренерот Герхард Штрубер.

Во Салцбург решија да ја прекинат соработката со Штрубер по поразот од 1-3 на гостувањето кај ЛАСК во Линц минатиот викенд.

Штрубер на почетокот на оваа сезона го замени Матијас Џејсле, кој реши да замине во Саудиска Арабија.

Бранителот на австриската титула до крајот на сезоната ќе го води Онур Цинел, поранешниот тренер на второлигашот Лиферинг. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан