Сали на средба со Рокас: Европската агенда и реформите остануваат врвен приоритет со фокус на зајакнување на институционалните капацитети
- Како што информира Сали преку објава на фејсбук-профилот, на средбата ја потврдил својата цврста посветеност, како и посветеноста на Владата, кон процесот на европска интеграција.
Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Министерот за европски прашања Беким Сали денеска остварил средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
Како што информира Сали преку објава на фејсбук-профилот, на средбата ја потврдил својата цврста посветеност, како и посветеноста на Владата, кон процесот на европска интеграција.

- Европската агенда и реформите поврзани со неа остануваат врвен приоритет со фокус на зајакнување на институционалните капацитети, градење доверба кај граѓаните и континуирана соработка со Европската Унија за ефикасна имплементација на реформите. Продолжуваме посветено по европскиот пат - напиша Сали. фф/са/
Фото: Фејсбук на Беким Сали