• четврток, 10 октомври 2024

Салиба главна цел на Флорентино Перез

Салиба главна цел на Флорентино Перез

Мадрид, 9 октомври 2024 (МИА) - Реал Мадрид сака да ја ангажира ѕвездата на Арсенал, Вилијам Салиба, а Французинот е главен приоритет на европскиот шампион во 2025 година. Медиумите блиски до „кралевите“ тврдат дека од Бернабеу веќе се во контакт со дефанзивецот.

Салиба е клучен играч во одбраната на Арсенал и неговите игри го направија еден од најатрактивните млади дефанзивци во светот.

И покрај интересот на Реал, Арсенал нема за што да се грижи бидејќи францускиот репрезентативец моментално е под договор со клубот до средината на 2027 година, давајќи им на „топџиите“ многу простор при било какви преговори.

Сигурно дека Микел Артета не би сакал да се раздели со играчот, но зависи и од големината на понудата.

Реал Мадрид го сакаше Лени Јоро минатото лето, но тој заврши во Манчестер Јунајтед.

Понатаму, долготрајната повреда на Дани Карвахал го остави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти со ограничени опции во одбраната.

Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен се две од другите суперѕвезди за кои се заинтересирани на „Бернабеу“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан