• недела, 22 декември 2024

Сајнц ја освои пол-позицијата за Големата награда на Сингапур

Сајнц ја освои пол-позицијата за Големата награда на Сингапур

Сингапур, 16 септември 2023 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Сингапур. На денешните квалификации, тој го извози најбрзиот круг со време 1 минута 30,984 секунди. Мексиканецот прв пат во кариерата овојува пол-позиција два пати по ред. Претхоно тој победи во квалификациите во Монца.

 

Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел (+0,073). Водечката тројка ја затвори Шарл Леклер (Ферари, +0,079).

 

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон беше петти во квалификациите (+0,501). Лидерот во поединечниот пласман, Макс Верстапен од Ред Бул, в недела ќе стартува од 11. место.

 

Трката за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14 часот. зс/

Остани поврзан