• петок, 26 јули 2024

Саем на креативни индустрии во Битола

Саем на креативни индустрии во Битола
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) -  Во Офицерскиот дом во Битола денеска од 11 до 19 часот ќе се одржува Саем на креативни индустрии на кој ќе има повеќе изложувачи од Битола и околината.
Ќе бидат претставени креации од мода, уметност, музика, дизајн, видеоигри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература... Влезот е бесплатен.
-Целта на саемот е да го прикажеме нивниот потенцијал и што сè креативноста може да создаде.
Настанот е од едукативен карактер и фокусот е, пред сè, на децата и младите. За нив ќе има многу изненадувања, соопштија организаторите. хс/бак/

Остани поврзан