• понеделник, 06 мај 2024

САД ја предупредуваат Турција на можни санкции поради Русија

САД ја предупредуваат Турција на можни санкции поради Русија

Вашингтон, 18 август 2023 (МИА) - Американската администрација упати предупредувања до Турција за воведување санкции во случај земјата да и помогне на Русија во заобиколувањето на ограничувањата наметнати од Западот, пишува американскиот весник Волстрит џурнал.

Во написот се нагласува дека турските компании помагаат во извозот на руска нафта, им дозволуваат на руските бродови да влезат во пристаништата во земјата со оружје и генерално му помагаат на Кремљ да ја набави западната електроника, неопходна заеба да ја продолжи војната против Украина.

Според WSJ, еден од тие „помошници“ на Москва е турската компанија Бекс Шип Менаџмент, која извезува руска нафта, која во 2021 година купила 37 бродови, од кои повеќето стари танкери за нафта.

Западен дипломат, кој побарал да не биде именуван, изјавил за весникот дека САД веќе се во постојан дијалог со турската влада поради таквите извештаи. Според него, Западот сега се надева дека ќе го избегне сценариото со санкции за турските компании.

„Ние работиме и со владата и со приватниот сектор за да ги освестиме за многу реалните ризици“, нагласи дипломатот.

Изданието прецизира дека за време на војната, Русија го зголемила својот удел на најголемите пазари на нафта во светот. Поточно, земјата накратко ја престигна Саудиска Арабија како најголем снабдувач на нафта во Кина во април. Аналитичарите предвидуваат дека слично сценарио може да се повтори во наредните месеци. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан