• среда, 25 декември 2024

САД со санкции против фирми од ОАЕ за нарушување на режимот на плафонот за цените на руската нафта 

САД со санкции против фирми од ОАЕ за нарушување на режимот на плафонот за цените на руската нафта 

Вашингтон, 18 јануари 2024 (МИА) - Министерството за финансии на САД соопшти денеска дека воведува санкции против компании за морски превози од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) за нарушување на режимот на плафонот за цените за извоз на руска нафта, и ова е прво вакво спроведување на законот годинава. 

Плафонот за цените за руската нафта беше воведен во декември 2022 година. 

Во соопштението на Минстерството се вели дека санкциите се воведени од Канцеларијата за контрола на странски активи (ОФАК) врз компанијата Hennesea Shipping Co Ltd, сопственик на 18 танкери купени во 2022 година. Оваа компанија ќе биде ограничена да врши трансакции во долари. 

Од органот прецизираа дека една од бродските фирми, HS Atlantica, превезувала сурова нафта од руско потекло по цени многу повисоки од определниот плафон од 60 долари за барел, соработвајќи со американски компании за морски услуги. 

-Овие акции демонстрираат дека ќе има последици поради нарушувањата на ограничувањата, изјави во соопштение денеска Метју Милер, портпарол на Стејт департментот. 

-Заедно со нашите партнери од коалицијата Г-7, ЕУ и Австралија, кои ги воведија ограничувањата на цените, имаме цврста намера да спречиме одбегнувањето на санкциите што помага на Русија да ја финансира нејзината незаконска војна против Украина, изјави тој. кб/ 

Остани поврзан