• недела, 22 декември 2024

САД повикаа на ослободување на локалниот персонал во нивната амбасада во Сана

САД повикаа на ослободување на локалниот персонал во нивната амбасада во Сана
Вашингтон, 12 ноември 2021 (МИА) - Соединетите Американски Држави повикаа на итно ослободување на јеменските претставници на американската амбасада во главниот град на Јемен, Сана, кои ги држат јеменските бунтовници Хути, изјави портпаролот на Стејт департментот. „Повеќето локални службеници на американската амбасада во главниот град на Јемен се ослободени“, објави портпаролот на Стејт департментот, но додаде дека голем број локални функционери се уште се приведени без објаснување и побара тие веднаш да бидат ослободени. Тој рече дека бунтовниците Хути го прекршиле законот и влегле во комплексот на амбасадата затворен од 2015 година, кога САД го префрлија својот дипломатски персонал во Ријад поради граѓанската војна во Јемен. „Ги повикуваме Хутите веднаш да ги напуштат просториите и да го вратат целиот одземен американски имот“, рече портпаролот, додавајќи дека американската Влада ќе продолжи со дипломатските напори за да обезбеди ослободување на својот персонал и евакуација на амбасадата. Судирите меѓу провладините сили поддржани од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и бунтовниците Хути блиски до Иран се интензивираа во последните недели околу стратешкиот град Мариб. Мариб е последното упориште на силите лојални на јеменската влада на северот на земјата. Од почетокот на војната во 2014 година, Хутите постепено ја преземаа контролата врз поголемиот дел од Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана. паг/  

Остани поврзан