• петок, 15 ноември 2024

САД обезбедуваат 400 милиони долари  дополнителна воена помош за Украина

САД обезбедуваат 400 милиони долари  дополнителна воена помош за Украина

Вашингтон, 3 март 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја одобри 33. транша воена помош за Укриана во висина од 400 милиони долари, во време кога „војната на агресија на Русија против Украина продолжува а цената станува повисока“. 

-Повторно се потсетуваме на безграничната храброст и цврстата решителност на народот на Украина, и силната подршка кај меѓународната заедница, рече Блинкен. 

Се работи за воена помош составена од муниција за америкаснките ХИМАРС и хаубиците „што Украина ги употребува ефективно во своја одбрана“. Потоа, муниција за пешадиските оклопни возила  „Бредли“, мостови за тенкови, експлозиви и опрема за демолирање и останата подршка за обука и одржување. 

-САД продолжуаат со повици светот да ја подржи Украина. Гледаме неверојатни заложби од нашите сојузници и партнери. Ја поздравуваме поддршката што повеќе од 50 земји ја изразија за заедничка солидарност со Украина за обезбедување подршка за својата одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет, изјави Блинкен. 

САД ја повикаа Русија да ја оконча војната „а се додека не го направи тоа, ние стоиме обиденнети со Украина и ја засилуваме нејзината војска на военото поле за Украина да биде во најсилно можна позиција на преговарачката маса“. кб/ссм/

Остани поврзан