• недела, 22 декември 2024

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачите на Хајв ренсомвер

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачите на Хајв ренсомвер

Вашингтон, 8 февруари 2024 (МИА) – САД нудат награда до 10 милиони долари за информации кои водат до идентификација или локација на клучните водачи на организираната криминална група Хајв ренсомвер (Hive Ransomware), соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Цел на Хајв ренсомвер беа жртви од повеќе од 80 земји, вклучително и САД, соопшти Стејт департментот.

Почнувајќи од крајот на јули 2022 година, ФБИ влезе во компјутерските мрежи на Хајв, откри клучеви за дешифрирање и им ги понуди на жртвите ширум светот за да им помогне да избегнат да платат до 130 милиони долари за откуп, се вели во соопштението.

Денешното соопштение доаѓа по најавата на Министерството за правда дека заедно со Европол, германските и холандските власти и тајната служба на САД, ја презеле контролата врз серверите и веб-страниците на Хајв, со што ја нарушиле способноста на Хајв за понатамошен напад и изнудување пари од жртвите, соопшти Стејт департментот.

„Ќе продолжиме да работиме со сојузниците и партнерите за да ги попречиме и одвратиме актерите на ренсомвер кои го загрозуваат столбот на нашите економии и клучната инфраструктура“, се вели во соопштението.

Наградата се нуди како дел од Програмата за награда за транснационален организиран криминал на Стејт департментот, која ги поддржува напорите на органите за спроведување на законот да го попречат транснационалниот криминал на глобално ниво и да ги изведат бегалците пред лицето на правдата, соопшти Стејт департментот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан