• понеделник, 20 мај 2024

САД: Кинеската „премолчена поддршка“ за Русија за Украина е „длабоко алармантна“

САД: Кинеската „премолчена поддршка“ за Русија за Украина е „длабоко алармантна“
Вашингтон, 14 февруари 2022 (МИА) - САД ја нарекоа „премолчената поддршка“ од Кина за Москва во украинскиот ќорсокак „длабоко алармантна“, бидејќи западните сили стравуваат од неизбежна руска инвазија врз поранешната советска држава. „Нивната премолчена поддршка, за Русија е длабоко алармантна и искрено уште повеќе ја дестабилизира безбедносната ситуација во Европа“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Русија ги зајакна своите воени сили распоредени на границата со Украина во текот на викендот, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, и покрај најавата на Москва дека завршува некои од воените вежби. – Рускиот лидер Владимир Путин „продолжува да испраќа сили долж границата со Украина и во Белорусија, дури и во текот на изминатиот викенд, каде веќе има над 100.000 војници, истакна Кирби за Си-Ен-Ен. – Не се само бројките. Таму има на располагање комбинирано оружје, речиси се, од оклопни единици до пешадија, како и специјални операции за кибер напади и воздушна и ракетна одбрана, нагласи портпаролот на Пентагон. зш/

Остани поврзан