САД и сопствениците на социјалните мрежи потпишаа меморандум против дистрибуција на синтетички дроги
- САД потпишаа меморандум со сопствениците на некои од најголемите светски платформи за социјални медиуми, чија цел е да се спречи нивната употреба за дистрибуција на синтетички дроги
![САД и сопствениците на социјалните мрежи потпишаа меморандум против дистрибуција на синтетички дроги](https://mia.mk/images/20240712091935_big_730x400_43.webp )
Вашингтон, 12 јули 2024 (МИА) – САД потпишаа меморандум со сопствениците на некои од најголемите светски платформи за социјални медиуми, чија цел е да се спречи нивната употреба за дистрибуција на синтетички дроги.
Постојаната претставничка на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, истакна дека „технолошките компании имаат клучна улога, како во запирање на нелегалното производство, трговија и дистрибуција на синтетички дроги, така и во едукација на јавноста“.
Алијансата за спречување на штети од наркотици беше формирана со заеднички напори на Мисијата на САД во Обединетите нации и корпорациите Мета (сопственик на Фејсбук и ВацАп), Икс и Снап (сопственик на Снепчат). ми/
фото: МИА архива