САД и Русија разговараат во Женева за нуклеарната стабилност
- Заменичката на американскиот државен секретар Венди Шерман и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги предводат своите делегации на состанокот во американската дипломат
Женева, 28 јули 2021 (МИА) - Високи американски и руски претставници започнаа денеска разговори за стратешка нуклеарна стабилност, со нов мандат на нивните претседатели, кои одржаа самит минатиот месец во Женева.
Заменичката на американскиот државен секретар Венди Шерман и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги предводат своите делегации на состанокот во американската дипломатска мисија во Женева.
Претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, чии земји поседуваат 90 проценти од светскиот нуклеарен арсенал, се согласија да започнат билатерален дијалог за стратешка стабилност „за да се постават темелите на идните мерки за контрола на оружјето и намалувањето на ризикот“.
Точниот обем на разговорите не е јавно објавен, но аналитичарите проценуваат дека станува збор за почеток на тој процес. гт/