САД и Кина разговараа за безбедноста во Јужното Кинеско Море
- Воени претставници од САД и Кина се сретнаа во Шангај за да разговараат за безбедносните прашања во регионот, вклучително и тензиите во Јужното Кинеско Море. Според соопштението на Пентагон, состанокот бил дел од напорите на двете земји да одржат воен дијалог и да спречат несакани инциденти.

Шангај, 4 април 2025 (МИА) - Воени претставници од САД и Кина се сретнаа во Шангај за да разговараат за безбедносните прашања во регионот, вклучително и тензиите во Јужното Кинеско Море. Според соопштението на Пентагон, состанокот бил дел од напорите на двете земји да одржат воен дијалог и да спречат несакани инциденти.
- Разговорите беа конструктивни, а двете страни изразија подготвеност за продолжување на дијалогот со цел намалување на ризиците од конфликти, изјави американски претставник кој учествувал на состанокот.
Состанокот во Шангај доаѓа во време на зголемена геополитичка нестабилност, додека Вашингтон и Пекинг остануваат во судир околу трговијата, Тајван и воената активност во Тихиот Океан. ссм/
фото: архива/илустрација