• среда, 03 јули 2024

САД им нареди на ситe крузери во американски води да останат на море

САД им нареди на ситe крузери во американски води да останат на море
Вашингтон, 1 април 2020 (МИА) - Крајбрежната стража на САД им нареди на сите крузери во американски води да останат на море поради епидемијата на Ковид-19. Останувањето на крузерите на море може да се продолжи на неодредено време додека трае епидемијата. Патниците кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на копно во земјите каде што се регистрирани крузерите Документот што ги содржи тие регулативи беше објавен на 29 март и се однесува на сите бродови во американските води кои можат да пренесат повеќе од 50 патници, јавија денеска американски медиуми. Со наредбата се бара сите бродови во американски води да го пријават бројот на луѓе кои се болни и кои починале од новиот коронавирусот. јт/  

Остани поврзан