• вторник, 05 ноември 2024

САД: Долниот дом на Конгресот посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

САД: Долниот дом на Конгресот посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) - Претставничкиот дом на САД следната недела ќе гласа одделно за помош на Украина и Израел, соопшти синоќа републиканецот Мајк Џонсон, повеќе од два месеци откако Сенатот ја отфрли мерката што ги вклучува двете држави.

Доцна синоќа, по состанокот со републиканските претставници во Долниот дом на Конгресот, претседателот на Претставничкиот дом рече дека ова тело потоа ќе ја разгледа и помошта за Тајван и американските сојузници во Источна Азија.

- Знаеме дека светот ја чека нашата реакција, истакна Џонсон. - Тие сакаат да видат дали Америка ќе застане зад своите сојузници, во наш интерес низ светот, вели тој.

Американската помош за овие земји сè уште не е усвоена бидејќи Џонсон не сакаше да ја разгледа мерката од 95 милијарди долари што Горниот дом ја усвои во февруари. Вклучува 14 милијарди долари помош за Израел и 60 милијарди за Украина. Џонсон нагласи дека новите мерки во Претставничкиот дом предвидуваат приближно исти износи на странска помош. Притисокот конечно да помине оваа финансиска помош преку Конгресот порасна по иранскиот напад врз Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан