САД го одбија предлогот на Путин за продолжување на СТАРТ без предуслови
- САД го одбија денеска предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на заедничкиот Договор за намалување на оружјето (СТАРТ) за најмалку една година, без никакви предуслови.

Вашингтон, 16 октомври 2020 (МИА) - САД го одбија денеска предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на заедничкиот Договор за намалување на оружјето (СТАРТ) за најмалку една година, без никакви предуслови.
- Нема ништо од предлогот на Путин, изјави американскиот советник за национална безбедност Роберт О'Брајен.
Тој во писмена изјава потсети дека САД предложиле продолжување на новиот договор СТАРТ за една година, а за тоа време земјите да го замрзнат својот нуклеарен арсенал.
Путин претходно денеска предложи да се продолжи постоечкиот договор без никакви предуслови за најмалку една година.
– Тоа е се со цел непречено да водиме значајни разговори за сите бројни прашања, за да не ги оставиме и Русија и САД, но и сите земји во светот, без ваков значаен договор како што е новиот СТАРТ, истакна Путин. гт/