• понеделник, 23 декември 2024

САД гледаат мала можност за пресврт на ситуацијата во Нигер по државниот удар

САД гледаат мала можност за пресврт на ситуацијата во Нигер по државниот удар

Вашингтон, 1 август 2023 (МИА) – Високо позициониран американски функционер изјави дека има мали шанси да дојде до смена на ситуацијата во Нигер по минатонеделниот државен удар, а дипломатскиот и воениот став на САД ќе зависи од тоа дали демократски избраната влада ќе биде вратена на власт во наредните денови и недели. 

Британските медиуми пренесуваат дека САД го осудуваат военото соборување на избраниот претседател Мохамед Базум, што е седмо воено преземање на власта во една од земјите на Западна и Централна Африка за помалку од три години, што ги зголемува стравувањата за безбедноста на регионот Сахел.

-Целта на Вашингтон е да го поддржи западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС (ECOWAS) во нивниот обид да го поништи преземањето на власта во Нигер, изјави висок функционер на Стејт департментот кој сакаше да остане анонимен. 

„Не мислиме дека тоа во целост беше добро направено и веруваме дека има некоја можност тоа да се сврти“, истакна тој.

ЕКОВАС пред два дена им даде на лидерите на пучот во Нигер една недела да го вратат соборениот Базум или ќе се соочат со санкции и можна употреба на сила. 

САД, Франција и други западни земји имаат војници во Нигер и соработуваа со претходната влада во борбата против милитантните сили поврзани со Исламската држава и Ал Каеда. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан