САД ги укинаа визите за околу 300 луѓе поради антиизраелските протести
- Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД укинале 300 визи за околу 300 луѓе, кои ги опиша како „чудни“, како дел од акцијата против анти-израелските активисти во американските универзитетски кампуси.

Вашингтон, 27 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД укинале 300 визи за околу 300 луѓе, кои ги опиша како „чудни“, како дел од акцијата против анти-израелските активисти во американските универзитетски кампуси.
Рубио, кој е во посета на Гвајана, рече дека досега се откажани 300 визи, додавајќи дека секојдневно работат на тоа и дека е пронајден „уште еден чудак“.
„Се надевам дека во одреден момент ќе стигнеме до крајот бидејќи ќе се ослободиме од нив“, изјави Рубио.
За време на претседателската кампања, Доналд Трамп остро ги критикуваше протестите против израелското бомбардирање на Појасот Газа и поддршката за Израел на претходната администрација на Џо Бајден.
Трамп беше многу критичен кон универзитетите каде што се одржуваа протестите. паг/
Фото: МИА архива