• понеделник, 23 март 2026

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт

Вашингтон, 3 март 2026 (МИА) – Стејт департментот на САД денеска соопшти дека им наредил на владините службеници, кои немаат задолженија во вонредни ситуации, да ги напуштат Бахреин, Ирак, Катар, Јордан и Кувајт заедно со нивните семејства.

Наредбата е донесена од безбедносни причини со оглед на разгорувањето на конфликтот на Блискиот Исток, кој почна со заедничката израелско-американска воена операција против Иран на 28 февруари.

Во исто време, амбасадата на САД во Кувајт соопшти дека се затвора до понатамошно известување.

Американската амбасада во Ерусалим, пак, информираше дека „овој пат не е во позиција да евакуира или директно да им помага на американските граѓани да го напуштат Израел“. јт/сд/

Фото: Стејт департмент на Х

Остани поврзан