• недела, 22 декември 2024

САД ги повикаа своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија

САД ги повикаа своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија

Минск, 21 август 2023 (МИА) - Амбасадата на САД во Белорусија денеска издаде предупредување со кое ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија.

Во соопштението на амбасадата се наведува дека Литванија претходно затворила два свои гранични премини со Белорусија и дека Полска, Летонија и Естонија навестиле дека можеби ќе го сторат истото.

Мисијата ги повика американските граѓани да одат преку една од последните три земји бидејќи „не им е дозволено да влезат во Полска по копнен пат од Белорусија“.

„Не патувајте во Белорусија поради континуираното овозможување од страна на белоруските власти на рускиот неиспровоциран напад врз Украина, трупањето руски воени сили во Белорусија, произволното спроведување на локалните закони, потенцијалот за граѓански немири, ризикот од притвор, и ограничената способност на амбасадата да им помогне на американските граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се нагласува во сооопштението на американската Амбасада во Минск. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан