САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп победи во Флорида
- Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Флорида, проектира Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Флорида, проектира Си-Ен-Ен.
Во Флорида се во прашање 30 изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Трамп и во 2020 година победи во Флорида. Иако некогаш беше клучна претседателска држава со рекордно тесни избори, Флорида стана поконзистентна републиканска држава и на државните и на федералните избори.
Според досегашните проекции, Трамп има 90 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 27. јт/
Фото: ЕПА