САД/Избори: Проекции на Си-Ен-Ен: Трамп го освои Охајо
- Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Охајо, проектира Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во Охајо, проектира Си-Ен-Ен.
Во Охајо се во прашање 17 изборни гласови. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Како што коментира Си-Ен-Ен, некогашната главна колеблива држава Охајо сега е солидно републиканска држава. Трамп го освои Охајо во 2016 и 2020 година.
Претседателот Џо Бајден имаше маргинално подобри резултати од Хилари Клинтон во Колумбус и Синсинати, но имаше полоши резултати во Кливленд.
Сината коалиција што поранешниот претседател Барак Обама ја состави во североисточниот дел на Охајо се одвои од демократите, Трамп го преврте округот Махонинг и ги зголеми своите маргини во окрузите Трамбул и Портаџ. Сите овие места гласаа за Обама двапати во 2008 и 2012 година.
Според досегашните проекции, Трамп има 195 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 91. јт/
Фото: ЕПА