• петок, 15 ноември 2024

Саботковски: Утре ќе се одржи вонредна седница на Советот на општина Могила и ќе се предложи формирање на комисија за проценка на штетите од земјотресот

Саботковски: Утре ќе се одржи вонредна седница на Советот на општина Могила и ќе се предложи формирање на комисија за проценка на штетите од земјотресот
10 јануари 2022 Известување до жителите на општина Могила. Во однос на штетите од синоќешниот земјотрес на територијата на општина Могила ве известувам дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи Вонредна седница на Совет на општина Могила, ќе се формира Комисија за проценка на штетите и ќе побараме одржување на итна седница на Владата на Република Македонија, на која ќе се разгледа состојбата во општина Могила. Дополнително утре ќе бидете известени за заклучоците и преземањето на конкретните мерки. Драганчо Саботковски - градоначалник на општина Могила ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан