• понеделник, 25 ноември 2024

Сабаленка ја освои титулата на Ју Ес Опен

Сабаленка ја освои титулата на Ју Ес Опен


Њујорк, 8 септември 2024 (МИА) – Белорусинката Арина Сабаленка ја освои титулата на последниот тениски гренслем турнир во сезоната во конкуренција на тенисерки, откако синоќа во финалето на Ју Ес Опен во Њујорк ја победи Американката Џесика Пегула со 7-5, 7-5.
За Сабаленка ова е втора „гренслем“ титула во 2024 година, откако во јануари беше најдобра на Австралија опен.
Откако лани загуби во финалето на Ју Ес Опен од Американката Коко Гауф, Сабаленка годинава направи чекор понатаму и во финалниот меч ја совлада локалната тенисерка.
За 26-годишната Сабаленка ова е трета гренслем титула во кариерата. Покрај двете годинава, белоруската тенисерка триумфираше и на Австралија опен во 2023.
Од друга страна, 30-годишната Пегула го одигра во своето прво гренслем финале. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан