• недела, 22 декември 2024

Сабаленка се вакцинираше против коронавирус

Сабаленка се вакцинираше против коронавирус
Гвадалахара, 10 ноември 2021 (МИА) - Втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка, објави дека примила вакцина против Ковид-19, откако минатиот месец поради зараза со коронавирусот го откаже настапот на турнирот во Индијан Велс. - Во Мајами се вакцинирав со вакцината Џонсон&Џонсон. Се надевам дека сега сум безбедна, бидејќи веќе не ми се оди во карантин, изјави Сабаленка, пред претстојниот ВТА завршен турнир во Гвадалахара, на кој ќе настапат осумте најдобри тенисерки во оваа година. Сабаленка наведе дека по заразувањето со вирусот четири денови не можела да оди. - Минав во соба десет денови. Работев некои вежби, но тоа не е доволно. Загубив чувство за мирис и вкус и ова не е нешто што би посакале да ви се случи, изјави белоруската тенисерка. Сабаленка во минатото изразуваше резерви во врска со вакцините против Ковид-19. ег/ми/  

Остани поврзан