• среда, 12 март 2025

Руте: Потребни се флексибилност и компромиси за напредок во дијалогот Косово-Србија

Руте: Потребни се флексибилност и компромиси за напредок во дијалогот Косово-Србија

Приштина, 11 март 2025 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, при денешната посета на Приштина, изјави дека дијалогот помеѓу Косово и Србија е единствениот начин за решавање на отворените прашања.

- За овој дијалог да продолжи напред, двете страни мора да покажат флексибилност, да ги направат потребните компромиси и да се фокусираат на долгорочните придобивки, наведе Руте на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи.

Според Руте нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе донесе стабилност и безбедност во целиот регион.

- Стабилноста во регионот на Западен Балкан зависи од тоа сите земји да изберат дипломатија наместо насилство. Решението за долгорочен мир е политичко, посочи генералниот секретар на НАТО.

Османи ја обвини Србија дека ги поткопува „напорите за мир и стабилност“ и оти Белград има за цел да го дестабилизира Косово со помош на Русија и други фактори

Предвидено е Руте да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан