• среда, 25 март 2026

Руте: Очекувам членките на НАТО да се согласат за трошоци за одбрана од пет проценти во Хаг

Руте: Очекувам членките на НАТО да се согласат за трошоци за одбрана од пет проценти во Хаг

Дејтон, 26 мај 2025 (МИА) -  Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека претпоставува дека членовите на Алијансата ќе се согласат за време на самитот во Хаг следниот месец - за издвојување за одбрана од пет проценти од бруто домашниот производ (БДП).

„Претпоставувам дека во Хаг ќе се согласиме за повисоката цел за трошоци за одбрана од пет проценти“, рече Руте на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон.

Тој рече дека трошоците за одбрана што ќе се очекуваат од членките на НАТО ќе бидат „значително над три проценти“.  зш/

Остани поврзан