• петок, 19 декември 2025

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

Лондон, 9 јуни 2025 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешната конференција во Лондон изјави дека ќе бара зголемување на воздухопловната и антиракетна одбрана на Алијансата за 400 проценти со цел да се соочи со Русија која „сее терор“ на небото.

- Треба да направиме скок напред во нашата колективна одбрана … факт е дека опасноста не исчезнува дури ни со крајот на војната во Украина. Гледаме како Русија во Украина сее терор на небото и поради тоа ние ќе го зајакнеме штитот кој го штити нашиот воздушен простор, ќе истакне Руте на состанокот и Институтот Чатам хаус во Лондон.

Предвидена е и средбата на Руте со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан