Руското МО тврди дека во текот на изминатата ноќ пресретнало 184 украински дронови
- Дроновите беа соборени над руските региони Курск, каде што беа неутрализирани 62 авиони, и Белгород, каде што беа неутрализирани 31, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Москва, 7 октомври 2025 (МИА) - Русија денеска објави дека во текот на изминатата ноќ пресретнала 184 украински беспилотни летала, што е еден од најмасовните напади на Киев од почетокот на војната во февруари 2022 година.
Дроновите беа соборени над руските региони Курск, каде што беа неутрализирани 62 авиони, и Белгород, каде што беа неутрализирани 31, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Русија вчера објави дека пресретнала повеќе од 250 украински беспилотни летала и дека две лица се убиени во украински напад во градот Белгород, во истоимената област на границата со Украина.
Во регионот Белгород утринава околу 1.000 лица се уште беа без електрична енергија, како резултат на нападите со дронови врз енергетската инфраструктура, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.
Истовремено, Москва во последните неколку дена ги интензивираше нападите врз електроенергетската мрежа на Украина, што предизвика стравувања дека земјата би можела да остане без греење и електрична енергија во текот на зимата.сд/
фото:МИА архива