• среда, 04 септември 2024

Руски ракетни напади врз Киев и Лавов; соборени дронови во Белгород

Руски ракетни напади врз Киев и Лавов; соборени дронови во Белгород

Киев, 4 септември 2024 (МИА) - Украинските вооружени сили известија за руски ракетни напади врз Киев и напади со дронови врз западниот град Лавов, изведени во текот на ноќта.

Очевидци велат дека чуле неколку експлозии во предградијата на украинскиот главен град.

Во речиси целата земја е објавена воздушна тревога.

Во меѓувреме, гувернерот на руската Белгородска област, Вјачеслав Гладков, извести дека биле соборени неколку „воздушни цели“ во овој граничен регион, пренесува ТАСС.

Нема извештаи за жртви и сериозни штети, додаде Гладков на Телеграм.ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан