• среда, 15 мај 2024

Руски медиуми: Напад во Доњецк, има повредени и загинати

Руски медиуми: Напад во Доњецк, има повредени и загинати

Киев, 6 април 2023 (МИА) – Повеќе луѓе загинаа во напад во градот Доњецк во источна Украина, контролиран од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА.

Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет.

Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се објавени видеа на кои се гледаат оштетени возила и неколку тела.

Информациите не можат да се проверат независно.

Непосредно пред тоа, шефот на регионот назначен од Москва, Денис Пушилин, му пријавил на рускиот претседател Владимир Путин дека украинскиот ракетен оган е намален за половина поради употребата на противвоздушна технологија.

По руската инвазија врз Украина пред повеќе од 13 месеци, Москва формално го анектираше регионот Доњецк, но моментално контролира само малку повеќе од половина од областа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан