• сабота, 11 мај 2024

Руски генерал кој го критикуваше Путин пронајден мртов во неговиот дом

Руски генерал кој го критикуваше Путин пронајден мртов во неговиот дом

Москва, 16 ноември 2023 (МИА) – Поранешниот командант на руската противвоздушна одбрана, кој го критикуваше Владимир Путин за состојбата на руските воздухопловни сили, е пронајден мртов во неговиот дом заедно со сопругата под мистериозни околности, пишува „Дејли мејл“.

Високо одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) биле мртви околу една недела пред да бидат пронајдени нивните тела во селото Аџиевски во регионот Ставропол во јужна Русија.

Според локалните медиуми, руските власти не можеле да ја утврдат причината за смртта. јт/

Остани поврзан