• петок, 05 декември 2025

Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија    

Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија    

Њујорк, 23 јуни 2025 (МИА)  - Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

-САД ја отворија Пандорината кутија. Никој не знае какви нови катастрофи и страдања ќе донесе ова, рече Небензја на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесуваат британските медиуми.

Амбасадорот оцени дека САД не се заинтересирани за дипломатија.

-Апелираме за итен прекин на агресивните потези на Израел и САД, рече Небензја.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан