• петок, 22 ноември 2024

Руска амбасада: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Руска амбасада: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, се вели во реакцијата објавена од Руската амбасада во Скопје во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21 на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со активностите на Русија во земјава и во балканскиот регион во целина. - Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи. Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа - на меѓусебно почитување и еднаквост, се вели во соопштението објавено на веб страницата на амбасадата на Русија во Скопје. аа/сп/

Остани поврзан