• четврток, 26 март 2026

Руската ПВО соборила 120 украински дронови

Руската ПВО соборила 120 украински дронови

Москва, 6 јули 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана синоќа собориле 120 украински беспилотни летала.

Во соопштението се наведува дека најголем број дронови биле соборени над пограничните места во Брјанска, Курска и Белгородска област.

Претходно, украинската армија соопшти дека во текот на ноќта и утрово неутрализирала 117 од 157 беспилотни летала истрелани од Русија врз 19 украински локации. Украина тврди и дека Русија истрелала и четири ракети земја-воздух С-300 од регионот Курск. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан