• недела, 22 декември 2024

Руската опозициска телевизија „Дожд“ повторно активна од странство

Руската опозициска телевизија „Дожд“ повторно активна од странство
Москва, 18 јули 2022 (МИА) - Руската опозициска телевизија „Дожд“, што беше блокирана денеска повторно почна да емитува програма од странство, каде нејзината редакција побегна поради зголемена репресија по руската инвазија врз Украина. Телевизијата „Дожд“ на својот ЈуТјуб канал денеска емитуваше информативна програма, која ја водеше главниот уредник Тихон Дјадко. На 3 март телевизијата одлучи да престане со работа во Русија откако властите ја блокираа поради критичкото известување за војната во Украина, што почна на 24 февруари. Телевизијата „Дожд“ објави дека отворил нова редакција во Летонија и добил лиценца за дистрибуција во Европска Унија, а имаат простории на располагање во Рига, во Амстердам, во Тбилиси и во Париз. Телевизијата „Дожд“ почна со работа во 2008 година, активно ги покриваше главните протестни движења во Русија.  ми/

Остани поврзан